Македонија ќе организира квалификациски турнир за ЕП 2021

Европската одбојкарска федерација (ЦЕВ) го објави календарот за квалификациите за Европското првенство во 2021 година. Натпреварите во групата Ц, во која што се македонските репрезентативци, се закажани за јануари. Поради пандемијата, наместо шест средби според принципот „секој со секого, дома и на гости”, ќе се одиграат два турнира, првиот во Данска од 7-10, а вториот кај нас од 14-17 јануари.

Во групата се и Турција и Босна и Херцеговина, а пласман на континенталниот шампионат ќе обезбедат првопласираните селекции, како и најдобрите пет второпласирани од седумте квалификациски групи. Според рејтингот и квалитетот, македонскиот национален тим има реални шанси вторпат да се најде во европската елита.

На дебито во Љубљана минатата година, „црвено-жолтите“ остварија две победи на пет натпревари, а со тоа оставија одличен впечаток.