Македонија ќе натурализира Иранец за одбојкарскиот тим!?

Одбојкарската репрезентација на Македонија според најавите може да добие нов одбојкар, но од странство, поточно од Иран.

Како што јавува локалниот медиум „Штипски Асови“, нов член на одбојкарската репрезентација на Македонија се очекува да биде Махди Задмард, најдобриот одбојкар на УГД Штип кој е освојувач на Купот на Македонија.

Иранецот е роден 2003 година, а во изминатата сезона беше најдобриот играч на штипјани. Висок е 195 сантиметри, доминантна рака му е десната, а настапува на позицијата надворешен напаѓач и е задолжен за поените.

Задмард пристигна во Македонија во 2023 година од Иран каде играше за Пајкан Техран, а претходно беше дел и од тамшниот клуб Могхавемат. За него УГД Штип е првата европска авантура.