Македонија ќе го организира завршниот турнир во Сребрената лига

Денешната седница на Бордот на администрација на европската куќа на одбојката донесе убави вести за Македонија.

Одбојкарската федерација на нашата земја ќе биде организатор на завршниот турнир во Сребрената лига оваа година. Тоа значи дека македонските одбојкари ќе имаат можност да играат на домашен терен.

Турнирот ќе се одржи во нов термин, на почетокот на јуни. Претходно се закажани двата турнири од групната фаза на 21-23 и 28-30 мај.

Македонската репрезентација ќе игра во групата А заедно со Израел, Данска и Кипар. Во втората група ќе се надигруваат Хрватска Австрија, Унгарија и Луксембург.

ОФМ ја реализира својата стратешка определба да биде една од најактивните федерации во организација на големите натпреварувања, а со тоа да им ги овозможува сите услови на македонските одбојкари да ја продолжат серијата успешни резултати.