• Саше Љолес
Искусниот Јошко Миленкоски се враќа на клупата на машкиот национален тим. Информацијата ја потврди Одбојкарската федерација на Македонија, која објави дека тренерот на грчкиот ПАОК по третпат во кариерата ќе ја предводи нашата репрезентација.
Миленкоски последен пат беше селектор кога Македонија играше на Европското првенство, каде остваривме историски успех со пласманот во осминафиналето. Сега фокусот ќе биде на квалификацискиот циклус за континенталниот собир следната година. Асистент на Миленкоски ќе биде Кристијан Ристески, актиелниот тренер на Штип УГД.
Управниот одбор на ОФМ потврди дека селектор на женската репрезентација останува Стефан Пауновиќ, кој ќе биде придружуван од Душко Деспотовски.