Македонија ѝ се реваншира на Данска, со експресни 3-0 победи во Шлагелсе!

Одбојкарите на Македонија ѝ се реваншираа на Данска за поразот пред пет дена во Струмица и со идентични 3-0 прокнижија нови бодови во Шлагелсе во рамките на ЦЕВ Сребрената лига. Пресметката од четвртото коло во групата А им донесе нови два бода на Македонците, со што пласманот на завршниот турнир е практично обезбеден и само чудо ќе ги спречи „спартанците“ од фајналфор. 

Првиот сет беше најизедначен, Македонија диктираше темпо и имаше резултатска контрола, ама Данците не се откажуваа и го загубија со 25-23. Вториот иако скандинавскиот тим го отвори со предност, серија на поени донесе +4 за нас. Предноста растеше и Македонија го доби сетот со највисоките осум разлика (25-17).

Доминантната партија продолжи и во третиот сет. Функционираше блокот и со добро изградени акции момците на Матијашевиќ. Македонија се одлепи на сервис на капитенот Никола Ѓорѓиев и го направи главниот исчекор до победата. Иако се обидоа, домаќините немаа сили за пресврт, го загубија сетот со 25-21 и „спартанците“ се радуваа на големо и убедливо славје. 

Главен играч на Македонија беше Александар Љафтов со 23 поени, додека капитенот Ѓорѓиев освои 12, а целиот тим одигра на посакуваното ниво.