Македонија и Црна Гора одиграа без победник на првиот тест во Подгорица

Најдобрите македонски одбојкари одиграа без победник 2-2 (15-25, 25-16, 14-25, 25-18) во првиот пријателски натпревар со Црна Гора на гостувањето во Подгорица.

На првата контрола на формата во подготовките за Европската лига 2026 очекувани беа осцилации во играта.

Селекторот Јошко Миленкоски им даде шанса на сите одбојкари кои ги имаше на располагање, комбинираше во поставата и пробуваше тактички варијанти.

Вториот натпревар се игра утре попладне (18:00 часот) исто така во Подгорица