Македонија го доби првиот сет, но третпат со пресврт загуби од Бугарија

Одбојкарската репрезентација на Македонија го одигра првиот од двата пријателски натпревари против Бугарија на гостински терен и доживеа пораз со 1-3 во сетови (25-23, 18-25, 22-25, 18-25) во подготвителниот меч за квалификациите за Европското првенство.

  • Комплетниот натпревар на Бугарија и Македонија:

Бугарската селекција е „спаринг-партнер“ на нашите одбојкари пред стартот на циклусот кој ќе се игра во Скопје, а на кој ривали ќе бидат Турција и БиХ за место на европскиот одбојкарски собир. Ова е трет натпревар како Македонија го добива првиот сет против Бугарија, ама на крајот губи.

На дуелот во салата „Христо Ботев“ во Софија, нашиот национален тим отвори подобро, а иако Бугарија се врати и изедначи (23-23), направи сервис-грешка, па со поен на Милев, Македонија во првиот сет славеше со 25-23. Но, потоа следеше пад и противникот тоа доста добро го искористи. Слично како и на мечевите во Скопје, Македонија загуби со пресврт со загубени три сета по ред.

За Македонија и Бугарија ова беше трет меѓусебен натпревар во подготвителниот период, а ќе се одигра уште една средба, исто така во Софија.