Македонија ги започнува квалификациите за ново ЕП, прва пречка е БиХ

Македонската одбојкарска репрезентација денес официјално ќе го започне патот кон ново учество на Европско првенство.

Прв противник во квалификацискиот циклус во новата година ќе биде Босна и Херцеговина. Со оглед на рејтингот, нашиот национален тим е фаворит за победа на стартот од евро-квалификациите.

Во составот на Никола Матијашевиќ нема да биде Филип Маџунков, кој и натаму има проблеми со коленото. Сепак, меѓу репрезентативците има позитивна атмосфера и мотивација да се оствари нов голем успех. На конечниот список има 14 одбојкари кои ќе конкурираат за настап на воведните натпревари. Ново име ќе биде Иван Андонов кој може да покрие неколку позиции. 

Турнирот ќе се одигра во Скопје, што ќе биде уште една предност за Македонија. Покрај денешниот дуел со Босанците, нашата селекција за два дена ќе ги одмери силите со Турција. 

Натпреварот против БиХ се игра денес со почеток од 18:00 часот.