• Сашо Поповски

Македонската одбојкарска репрезентација ги дозна противниците за претстојната Европска лига 2021 година.
Нашите одбојкари повторно ќе се надигруваат во т.н Сребрена Европска лига. Таму ќе играат во групата А заедно со Израел, Данска и Кипар.
Првиот турнир е закажан за периодот од 28-30 мај и ќе се одржи во Данска. Македонија ќе биде домаќин на вториот турнир (4-6 јуни), а местото на одигрување на завршниот турнир (25-27 јуни) дополнително ќе биде соопштено од Европската одбојкарска федерација (ЦЕВ).
Пред овој предизвик, македонските репрезентативци ќе одиграат неколку меча во квалификациите за Европското првенство 2021.