Мајсторката и титулата државен првак за одбојкарките на Работнички Скопје

Минатата недела македонската одбојка ја промовираше Џио Струмица како шампион во машка конкуренција, а вечерва по одигрувањето на мајсторката, познат е и првакот во женска конкуренција. Одбојкарките на Работнички Скопје извојуваа победа над Работнички Жени со 3-0 во сетови.

Откако пред скоро еден месец Работнички Скопје славеше во Купот на Македонија, вечерва ја освои и титулата во шампионатот со вкупен резултат со 3-2.

Повредата на Марија Живковиќ драстично им ја олесни работата на одбојкарките на Работнички Скопје и за нешто повеќе од еден час стигнаа до лесна победа без загубен сет.

Следниот шампионат на Македонија во одбојка почнува во октомври оваа година.