Мајсторка ќе го реши шампионот на Македонија во одбојка за жени

Одбојкарките на Работнички Скопје се изборија за мајсторка во финалето на плеј-офот во женскиот шампионат на Македонија, откако вечерва славеа против Работнички-Жени со 3-0 (25-16, 25-17, 25-14). Сега резултатот е израмнет на 2-2 и петти натпревар на кој домаќин ќе биде Работнички-Жени ќе го даде новиот шампион.

Заради подобар регуларен дел од сезоната, екипата на Работнички-Жени во разигрувањето влезе со предност од 1-0. Меѓусебниот скор во текот на сезоната на двата финалисти е целосно израмнет (4-4). Работнички Скопје со победа по „златен“ сет триумфираше во полуфиналето на Купот на Македонија.

Петтиот натпревар се игра за време на викендот.