Маџунков повторно тренира, Милков и Ѓорѓи Ѓорѓиев се враќаат неделава

Македонската одбојкарска репрезентација ќе се комплетира до крајот на неделата и селекторот Никола Матијашевиќ ќе може со сите сили да ги започне пријателските и турнирски натпревари. Имено, од денес Филип Маџунков е пак во тренажен процес и превентивно беше заштеден неколку дена.

Надвор од стројот тренираат Александар Милков и Ѓорѓи Ѓорѓиев, но и двајцата најдоцна до в недела ќе се приклучат кон останатите. Полека привршуваат петте недели на Маврово, а на еден месец до Европското првенство започнуваат тест натпреварите. 

Шведска и Романија ќе бидат првите спаринг партнери за „црвено-жолтите“, а кон средината на месецо следува и организацијата на турнирот „Бранко Хаџи-Иљоски Чајка“. Потврдено е дека покрај македонската репрезентација на турнирот ќе учествуваат Белгија, Бугарија и Украина.

Пред Европското првенство ќе следат и два контролни натпревари против австриската репрезентација.