ВИДЕО: Лубе Мачерата ја прекина доминацијата на Зенит и вторпат слави европска титула

По неколкугодишна доминација на руската одбојка, Италија и Серија А повторно имаат европски првак во одбојка во машка конкуренција. Во финалето на Ф4 турнирот синоќа во Берлин, Лубе Мачерата го совлада до вчера актуелниот европски првак Зенит Казан со 3-1 во сетови (16-25, 25-12, 25-11, 25-19).

За 99 минути италијанскиот шампион го скрши отпорот на „машинеријата“ на Алекно и вторпат во историјата стана европски првак. Бугарскиот репрезентативец, кој беше европски првак и со Тренто, Цветан Соколов со 17 поени беше најистакнат поединец во победничкиот табор. Одлична поддршка имаше од Османи Хуанторена, италијанскиот репрезентативец со кубанско потекло, кој впиша 12 поени.

  • Последниот поен на натпреварот: 

Американецот Метју Андерсон беше најистакнат поединец во поразениот тим на Зенит Казан.

  • Церемонијата на прогласување на победниците: 

Лубе Мачерата ќе ја претставува Европа на Мундијалот за клубови кон крајот на годината.