Љафтов: Затворивме многу усти и покажавме дека заслужуваме ЕП

Одбојкарска Македонија повторно е си обезбеди место во европскиот крем, откако вечерва ја совлада Турција и се пласира на ново Европско првенство, второ по ред, по историското пред две години во Словенија.

>>> МАКЕДОНИЈА Е НА ЕП: Турција на колена пред нашите „спартанци“!

Александар Љафтов одигра маестрален натпревар, а по големиот успех во Скопје изјави дека нивниот вложен труд повторно вроди со плод. За настапот на ЕП, вети голема борба на секој натпревар.

„Ние сме десет години заедно, сите играчи затворивме многу усти и покажавме дека заслуживме да сме на ЕП, дека претходниот настап не беше случајност. Можеби немаме ѕвезди, ама како што тргнала работата... ќе станеме! Не може да кажеме дека ќе играме на ЕП за медал. Но, ветуваме борба“, рече Љафтов.

>>> Николов: Сите жртви се исплатеа, стануваме редовни учесници на ЕП

>>> Ѓорѓиев: Кога бев мал навивавме за други... сега ја имаме нашата Македонија!

Следното Европско првенство ќе се игра во четири држави (Чешка, Полска, Естонија и Финска), а Македонија допрва ќе го дознае своите противници во првата групна фаза.