• Зоран Мишевски
Како никогаш во исгоријата, македонската одбојкарска репрезентација започна големо натпреварување во голем стил. Избраниците на Јошко Миленкоски ја декласираа Црна Гора во Скопје и ја подотворија вратата кон Бари и втората фаза,
Никола Ѓорѓиев и другарите со шест бода и сет-разлика 6-1 го запоседнаа врвот на групата, заедно со моќникот Полска.
„Сакам да им честитам на целиот наш народ, на целата наша јавноста. Само ние знаеме како стигнавме до овде и не ми доаѓаат зборови што да кажам. Одигравме уште подобро отколку против Данска, се спремавме цело лето, но се исплати.
Почнавме лошо, но како и против Данска, спремни сме во главите. Искусни сме, ова е трето Европско првенство за нас, а имаме и психолог во репрезентацијата. Не беше лесно да се заврши овој натпревар“, заврши Љафтов.
Полската репрезентација, водена од Никола Грбиќ, ќе биде третиот противник на нашите одбојкари, утревечер од 20:00 часот во СЦ „Борис Трајковски“.