Љафтов се пласира на ЕП, стапи во брак, па го освои Купот на Бугарија

Македонскиот одбојкарски репрезентативец Александар Љафтов одлично ја почна 2019 година и на личен и на спортски план. 

Последното од достигнувањата на одличниот македонски репрезентативец е трофеј во Купот на Бугарија со екипата на Хебер. Во финалето, Хебер славеше над Нефтохимик во драматичен меч, со 3-2 во сетови (27-25, 18-25, 23-25, 25-22, 15-7), во салата „Васил Левски“ во Пазарџик.

Љафтов на стартот на 2019 година обезбеди историско Европско првенство со Македонија, а исто така стапи и во брак со својата долгогодишна девојка Ана.