Љафтов: Имав понуди од Турција и ОАЕ, но убаво ми е во Бугарија

Александар Љафтов и во следната сезона ќе го носи дресот на Хебер Пазарџик. Бугарскиот клуб го задржа миленикот на публиката и покрај понудите од повеќе клубови ширум Европа. 

Репрезентативецот е на цена, имаше понуди и од други национални првенства, но во ситуација на полна неизвесност со коронавирусот, бугарската комбинација е најдобриот избор за Љафтов.

„Следната сезона ќе ми биде четврта во Бугарија. Имав понуди од Турција и Обединетите Арапски Емирати. Сепак, поради ситуацијата со вирусот, не сакав да ризикувам. Лигата се прекина, но од клубот останаа доследни и го исплатија целиот договор, што е реткост по другите првенства. Амбициите на клубот се оваа сезона да ги освоиме три титули“, рече за локалните медиуми, Александар Љафтов.

Македонскиот претходно настапуваше за клубови во Хрватска, Романија, Кипар, Србија, Турција и Македонија.