Љафтов: Групата не е така лесна, но не e ни тешка

Одбојкарската репрезентација на Македонија ги дозна противниците за своето второ учество на едно Европско првенство, кое во 2021 година ќе се игра во Полска, Чешка, Финска и Словачка.

На прв поглед, групата во која што ќе се натпреваруваме не изгледа така тешка, но не е ниту лесна. Ова мислење го дели и еден од нашите најдобри репрезентативци, Александар Љафтов.

„Групата не е така лесна, но не ни тешка. Собравме искуство од нашиот прв европски шампионат и сега ќе се подготвиме уште подобро. Противниците ни се познати, особено Русија, а и Финска и Турција... Нам ни останува да се подготвиме добро и да го дадеме максимумот на овој собир“, вели Љафтов. 

Македонија ќе игра во групата Ц (Тампере) против домаќинот Финска, Русија, Холандија, Турција и Шпанија.