Љафтов: Грција е најважен меч, ако победиме со една нога сме на ЕП 2026

Одбојкарите на Македонија стартуваа според планот и ја победија Грузија на стартот на квалификациите за ЕП 2026, а следен предизвик ќе биде Грција. Пред првиот меч во Скопје во овој циклус, искусниот Александар Љафтов побара поддршка.

„Ни помина Грузија, дојдовме до очекувана победа. Го добивме мечот со 3-0 по тешко патување. Одигравме сериозен меч, многу ќе ни биде важно тоа. Одигравме три квалитетни сетови, сега ни следи најважен меч со Грција кој ако го победиме со една нога сме на ЕП 2026. Се надевам дека сите љубители на спортот ќе дојдат и ќе не бордат.“, изјави Љафтов.

Натпреварот меѓу Македонија и Грција се игра во недела во СЦ „Јане Сандански“ од 20:15 часот, а влезот за сите љубители на одбојката е слободен.