• Зоран Мишевски
Одбојкарскиот преоден рок се распламнува и скоро сите македонски прволигаши се засилуваар за сезоната 2023/24, која започнува во октомври. Голем чекор кон шампионските амбиции направи Лирија, која доведе три засилувања.
Станува збор за одбојкарите Саше Ивковиќ, Дејан Димовски и Заре Колев, кои официјално се нови играчи на Лирија.
Сите потекнуваат од ГОК Борец од Велес каде што играа минатата сезона и беа вицешампиони на Македонија. Со овие три засилувања Лирија ќе се бори за подобра позиција во Првата лига, со можност да се вклучи во борбата за шампионската титула.
Трофејот го брани Струмица Никоб, а скопските, тетовските екипи и ГОК Борец треба да му бидат најсериозни конкурентни и во новиот шампионат.