Лигата на нации во одбојка се шири на осумнаесет учесници од 2025 година

Светската одбојкарска федерација (ФИВБ) соопшти дека од 2025 година во двете конкуренции во Лигата на нации ќе играат осумнаесет репрезентации. Според новиот број на селекции, најавено е дека по Лигата на нации годинава, натпреварувањето нема да биде побројно, туку победникот на Челинџер купот на ФИВБ 2024 година, како и најдобро пласираната селекција од ранг листата на ФИВБ која нема обезбедено учество до тој момент, ќе игра во Лигата на нации 2025 година.

Во соопштението, ФИВБ потенцираше дека од 2025 година од Лигата на нациите ќе испадне само последнопласираната репрезентација, која ќе биде заменета со најуспешната екипа врз основа на рангирањето на ФИВБ, која не играла во Лигата на нации. Според новиот модел на натпреварување, осумнаесет селекции ќе бидат поделени во три групи со по шест екипи во текот на секоја од трите натпреварувачки недели. Како и досега, секоја репрезентација ќе одигра вкупно дванаесет натпревари, односно по четири во текот на трите недели.

Единствената промена е што во текот на една недела ќе има пет натпреварувачки дена, наместо шест како што беше досега. Домаќинот и седумте најуспешни селекции ќе се пласираат на завршниот турнир.