Лига на нации: Полска едвај го скрши Иран, Јапонците немоќни со олимпискиот првак

Одбојкарите на Франција се пласираа во полуфиналето на Лигата на нации во Болоња. Французите без поголеми проблеми го совладаа јапонскиот национален тим со 3-0 (26-24, 25-16, 25-20).

Најефикасен кај францускиот тим беше Жан Патри со деветнаесет, додека Јасин Луати постигна десет поени. Во поразената репрезентација најдобар учинок имаше Јуџи Нишида со осум поени, а Таиши Онодера и Акихиро Јамаучи запишаа по седум. Актуелните олимписки шампиони в сабота ќе играат во полуфиналето на Лигата на нации против домаќинот Италија.

Вториот полуфинален пар го сочинуваат Соединетите Американски Држави, кои вчера го надиграа Бразил во четири сета, и Полска, која денес во пет сета го скрши отпорот на Иран.