• Зоран Мишевски

Денес во Италија започна завршницата на машката Лига на нации во одбојка, на која ќе настапат осумте најуспешни селекции од регуларниот дел на сезоната. Домаќинот Италија загуби еден сет, но сепак успеа да ја победи Холандија со 3-1 во сетови (21-25, 25-22, 25-13, 25-22). И поккрај загубениот прв сет „аѕурите“ имаа целосна контрола, играа полетно и ја забавуваа пибликата.
Многу понеизвесно беше во соочувањето на Бразил и Соединетите Американски Држави. Иако важеа за благи фаворити, „кариоките“ загубија во четири сета (25-20, 22-25, 23-25, 17-25).
Во долниот дел од костурот утре се играат четвртфиналните натпревари Полска - Иран и Франција - Јапонија. Скоро се распродадени сите билети за осумте натпревари во арената во Болоња.
Италијанската женска одбојкарска репрезентација пред три дена ја освои Лигата на нации во Анкара.