Лидерот гостува во Битола, дерби и на скопските ривали Вардар и Работнички

Викендов се играат натпреварите од петтото коло на шампионатот на Македонија за одбојкарки. Наковски волеј и Работнички Скопје имаат ефект 4-0, а струмичанки сигурно ќе останат на врвот на табелата доколку трумфираат кај Пелистер волеј со три освоени бода. Одбојкарките на Работнички Скопје се апсолутни фаворитки против Вардар жени, кој е далеку од ланското ниво.

Шампионките од Јанта волеј Кисела вода ќе играат со Универзитет во Тетово за четврта победа, а по двете загубени дерби средби, Струмица жени нема право на кикс во салата на Фит фан волеј.

Прва лига (жени)
Петто коло:

Пелистер волеј – Наковски волеј                   (сабота, 17:00)    
Вардар жени – Работнички Скопје                 (сабота, 18:00)          
Јанта волеј КВ – Универзитет во Тетово       (сабота, 12:00)   
Фит фан волеј – Струмица жени                    (сабота, 14:00)