• Зоран Мишевски
Искусната одбојкарка од Босна и Херцеговина, Марија Батиниќ, по четврти пат ќе ги брани боите на штипскиот клуб, продолжувајќи ја приказната исполнета со борбеност, посветеност и љубов кон црно-розовиот дрес.
Континуитетот е еден од темелите на секој голем тим, а Младост УГД продолжува да гради стабилен и конкурентен состав со играчи кои со години го носат клубскиот дрес со гордост. По четири сезони заедно, Марија веќе не е само дел од тимот – Младост УГД е нејзин клуб, а Штип нејзин втор дом.
Како либеро, таа носи сигурност во одбраната, искуство и карактер кој се препознава во секој поен. Нејзината стабилност, борбеност и пожртвуваност се важен дел од играта на Младост УГД, но и од позитивната атмосфера во тимот. Нејзиното искуство претставува дополнителна сила за младите одбојкарки, а нејзината посветеност е пример дека клубскиот дрес не се носи само на теренот – се носи со срце.
Новата одбојкарска сезона почнува на почетокот на октомври.