Лесни победи на водечките, Струмица неприкосновена на врвот

Ново коло и нови убедливи победи на двете убедливо најдобри екипи во одбојкарскиот шампионат на Македонија. Струмица и Штип УГД без загубен сет славеа на домашен терен, а Работнички беше единствена екипа која славеше на гостински терен. 

Прва лига (м)
12. коло:

Шкендија – Вардар 1947   3-0 (25-13, 25-20, 25-19)    
Јанта волеј – Работнички 71&22 0-3 (11-25, 16-25, 16-25)
Струмица – Универзитет во Тетово       3-0 (25-18, 25-18, 25-7)    
Штип УГД – Сушево           3-0 (25-17, 25-8, 25-14)   
Весна Пробиштип – Македонија Џио    0-3 (13-25, 17-25, 19-25)   
ГОК Борец – Скопје   3-0 (25-9, 25-16, 25-22)

Струмица е лидер со 33 бода, три бода повеќе од Штип УГД. Следат повеќе тимови во групата од третото до петтото место, а Шкендија е третопласирана со 25 бода.