Лесни и очекувани победи на двете женски одбојкарски екипи на Работнички

Фаворитите од есенскиот дел почнаа доминантно во елитниот натпреварувачки сегмент во нашата најквалитетна женска одбојкарска конкуренција. Работнички – Жени, Работнички – Скопје и Наковски волеј не дозволија изненадувања, а екипата на Македонија Макс во Штип го совлада УГД Студент – Жени иако на претходните десет натпревари не успеа да освои ниту сет

Екипата на Работнички – Жени против Виктори волеј ја забележа единаесеттата победа сезонава, деветта со три одиграни сета. Без оглед што се засили со Софија Ричлиева и со Симона Митрева, струмичкиот состав немаше сили да изненади во салата „Градски парк“ во Скопје, иако одигра солидно, со исклучок на воведниот сет. Работнички – Жени ја задржа предноста во однос на најблиските конкуренти за првото место, а Виктори волеј се уште може да се надева на полуфинале во разигрувањето затоа што има ефект 5-6.

Втора фаза - Прво коло:
Работнички – Жени“ – „Виктори волеј 3-0 (25-14, 25-23, 25-21)
Работнички – Скопје“ – Јанта волеј 3-0 (25-18, 25-23, 25-15)
Наковски волеј“ – „Пелистер волеј 3-0 (25-20, 25-14, 25-12)
УГД Студент – Жени – Македонија Макс 1-3 (25-13, 24-26, 16-25, 13-25)
Ускана – Бами Кор 3-2 (25-21, 23-25, 21-25, 25-18, 15-12)
Слободен: Универзитет во Тетово

Работнички - Жени со 32 и Работнички со 30 се и натаму на чело на табелата, исто како и од самиот почеток на сезоната.