• Зоран Мишевски
Очекувани четири гостински победи во рамките на второто коло на новиот женски одбојкарски шампионат. Двете струмички и двете скопски екипи славеа без многу драма, а единствено Младост УГД откина сет во дуелот со Јанта Волеј.
Прва лига (ж)
Второ коло:
Ускана – Струмица 0-3 (21-25, 18-25, 20-25)
Фит Фан Волеј – Работнички 0-3 (14-25, 19-25, 16-25)
Вардар ЕМ – Наковски Волеј 0-3 (17-25, 21-25, 20-25)
Младост УГД – Јанта Волеј 1-3 (25-15, 25-27, 23-25, 25-27)
Три екипи се издвоија на врвот со максимални шест бода по две кола. Наковски волеј и двата скопски тима, Јанта волеј и Работнички се на врвот со перфектен учинок.