Леон со шест аса за Словенците, Полска ќе го брани тронот во Лигата на нациите

Полска е првиот финалист на Лигата на нации во одбојка, откако во полуфиналето во Нингбо убедливо ја совлада Словенија со 3-0, по сетови 25-16, 25-19 и 25-17.

Актуелниот шампион немаше никакви проблеми против Словенците и ќе има можност да ја брани титулата освоена минатата година. Најефикасен во победничката селекција беше Вилфредо Леон со 16 поени, од кои дури шест беа асови, додека Бартоломеј Болонџ додаде 15. Кај Словенија се издвои Ален Пајенк со 11 поени.

Избраниците на Никола Грбиќ четврти пат ќе играат финале во Лигата на нации. Досега двапати го освојуваа трофејот, во 2023 и 2025 година, а во 2021 година беа поразени во финалето.

Во борбата за титулата Полска ќе игра против победникот од второто полуфинале меѓу Јапонија и Соединетите Американски Држави.