ВИДЕО: Лекции и демонстрација на вежби за најмладите од одбојкарите на Вардар

Одбојката е еден од спортовите за најправилен развој на телото и голем дел од спортистите од овој колективен спорт се вистински атлети, често и модели и дел од модните трендови. Деновиве, кога во нашата земја реалност се само инвидуалните домашни тренинзи, лидерот во одбојкарскиот шампионат на Македонија наметна убав тренд.

Одбојкарите на ОК Вардар демонстрираат вежби во домашни услови за учениците од основно образование. Клубот ги постави на официјалната страница, а истите стекнаа голема популарност.

Одбојкарите на Вардар се лидери во регуларниот дел на шампионатот и имаат само еден пораз во повеќе од половина сезона.