„Лалињата“ го намачија домаќинот, Италија по пет сета обезбеди полуфинале

Домаќинот Италија е последен патник во полуфиналето на Европското првенство во одбојка, чија завршница ќе се игра во Рим. Во последниот четвртфинален пар „аѕурите“ ја совладаа жилавата Холандија со 3-2 во сетови (19-25, 25-17, 25-16, 23-25, 15-12).

Холанѓаните доминираа во првиот сет и лесно го добија со 19-25. Сепак, следеше враќање на „аѕурите“, серија на добри поени и два лесно освоени сета. Сепак, Абдул Азис ја врати Холандија во игра и обезбеди петти сет во дуелот во Бари. Искусните италијански одбојкари ја презедоа одговорноста и го „скршија“ отпорот на „лалињата“ за уште едно полуфинале за италијанската репрезентација. 

Италија за место во финалето ќе игра со Франција, додека вториот пар го сочинуваат Полска и Словенија.