Костиќ го менува дресот на Будуќност со оној на Џио Струмица

Костиќ

Еден од најперспективните млади одбојкари Лука Костиќ кариерата ќе ја продолжи во редовите на Џио Струмица.

19-годишникот игра на позицијата примач и доаѓа од екипата на Будуќност. За црногорскиот гигант одигра една сезона, а потоа поради кризата со коронавирусот одлучи да се врати во Македонија, иако стави потпис на двегодишен договор.

Минатата година талентираниот одбојкар беше на поширокиот список на селекторот Никола Матијашевиќ за настап на Европското првенство, а наскоро се очекува да стане редовен член на сениорската репрезентација.

Струмичкиот прволигаш претходно обезбеди потпис на репрезентативците Владо Милев, Васе Михаилов, Ристо Николов, Славе Наков и Филип Николовски, како и на неколку други играчи кои беа клучна алка во успесите изминатите години.