• Горан Упале

Во организација на Oдбојкарската федерација на Македонија и семејството Хаџи Иљоски, во следните неколку дена ќе се организираат Меморијалниот турнир „Бранко Хаџи Иљоски - Чајка“.
Овој спортски настан е со најголема одбојкарска традиција во Македонија, а годинава во Крушево се очекува квалитетна женска одбојка. На турнирот ќе учествуваат женската младинска и сениорска репрезентација на Македонија, како и селекциите на Босна и Херцеговина и Косово.
Натпреварите од 46-то издание на традиционалниот турнир се одиграат од 4 до 6 септември во Крушево.