Коронавирусот ја стопира и одбојката во Македонија

Одбојкарската федерација на Македонија (ОФМ) соопшти дека во наредниот период ќе бидат заклучени салите и нема да се играат натпревари во сениорска и младинска конкуренција, по препорака на Владата поради мерките за коронавирусот.

По препораките и забраните изречени од Комисијата за заразни болести и Министерството за здравство а усвоени од Владата како дополнување на мерките за превенција и за справување со заканата од корона вирусот, Одбојкарската федерација реши да ги прекине натпреварите во сите првенствени и куп конкуренции на неодредено време.

Тоа значи дека викендов нема да бидат одиграни натпреварите од петтото коло во Втората фаза во сениорските лиги, ниту, пак, оние во помладите категории. Во зависност од настаните и препораките на надлежните институции, ОФМ ќе донесе соодветна одлука за тоа кога ќе продолжи одбојкарската сезона и со каков ритам.

Вирусот масовно се шири низ Европа, а не ја избегна и Македонија. Покрај одбојката, прекинати се и шампионатите во фудбал, кошарка и ракомет.