Коректорот Моника Костовска и следната сезона во Младост УГД

Одбојкарскиот клуб Младост УГД објави дека ја продолжува соработката со Моника Костовска, која го носи овој дрес уште од младинските категории. 

Костовска настапува на позицијата коректор и беше дел од тимот кој стигна до вицешампионското место во кадетска конкуренција, а потоа прерасна и во важна алка на сениорскиот состав. 

Од клубот порачуваат дека е вистинско задоволство што играчите кои растеле во нивната школа, денес се првотимци и носители на играта низ најголемите предизвици.