• Горан Упале
Женската одбојкарска репрезентација на Кина приреди големо изненадување во четвртфиналето на Лигата на нациите, откако пред својата публика ја елиминираше селекцијата на Соединетите Американски Држави.
Кинеските одбојкарки одиграа одличен натпревар и по голема борба славеа со 3-2 во сетови. Домаќинот го доби првиот сет со убедливи 25-15, Американките направија пресврт освојувајќи ги следните два сета (23-25, 20-25), но Кина возврати со 25-17 и избори решавачки петти сет. Во драматичната завршница домашната селекција беше посмирена и го доби тај-брејкот со 15-13 за место меѓу четирите најдобри.
Во полуфиналето Кина ќе игра против Турција, која претходно беше подобра од Канада, додека вториот полуфинален пар го сочинуваат Бразил и Италија.