Кина, Јапонија и Полска домаќини на женскиот квалификациски одбојкарски турнир за Париз

Квалификациите за женскиот одбојкарски турнир на Олимписките игри во Париз, ќе се одржат во Кина, Јапонија и Полска. Вкупно 24 репрезентации ќе се борат за шесте места кои водат на главниот турнир. 

Квалификациите ќе се одржат во периодот меѓу 16 и 24 септември, а градови-домаќини ќе бидат Нингбо (Кина), Токио (Јапонија) и Лоѓ (Полска). Селекциите ќе бидат поделени во три групи од по осум тимови, а само првите две од секоја група ќе обезбедат пласман на Олимпијадата. 

Група А:
Србија, Кина, Доминиканска Република, Холандија, Канада, Чешка, Мексико и Украина

Група Б:
Јапонија, Бразил, Турција, Белгија, Бугарија, Порторико, Аргентина и Перу

Група Ц: 
Полска, Сад, Германија, Тајланд, Колумбија, Јужна Кореа, Италија и Словенија

Актуелен освојувач на олимпиското злато е репрезентацијата на Соединетите Американски Држави, која пред три години триумфираше на Олимписките Игри во Токио.