Канада и САД ги одредија градовите-домаќини за Светскиот Куп во одбојка

Канада ги одреди Монтреал и Квебек за градови-домаќини на Светскиот Куп во одбојка за жени во 2027 година.

Натпреварувањето кое претходно се одржуваше под името Светско првенство, ќе се игра од 20 август до петти септември 2027 година во САД и Канада. Американските градови-домаќини беа познати и претходно, а тоа се Омаха, Орландо и Анахајм.

На турнирот ќе настапат 32 репрезентации, кои ќе бидат поделени во осум групи со по четири селекции. По завршувањето на групната фаза, двете најдобропласирани репрезентации од секоја група ќе обезбедат пласман во осминафиналето.

Со изборот на Монтреал и Квебек, Канада ги комплетираше своите домаќини за едно од најголемите одбојкарски натпреварувања, кое во 2027 година за првпат ќе се одржи со новиот формат и проширено учество на 32 репрезентации.