Луда година за Македонија: Три спорта се дел од најголемите собири

Вечерва, одбојкарите повторно ја израдуваа Македонија, откако со големата победа над Турција во клучниот натпревар, обезбеди ново учество, второ по ред, на еден континентален собир. 

„Спартанците“ кога беше најпотребно одиграа фантастичен натпревар против фаворизираната Турција и испишаа репрезентативна историја во македонскиот спорт. За првпат во нашата историја три селекции во иста година се дел од еден голем меѓународен собир. 

Ракометарите веќе се на Светското првенство во Египет, фудбалерите пред три месеци се изборија за пласман на првиот континентален собир, а вечерва „триплетата“ ја потврдија одбојкарите, кои повторно ќе играат на едно Европско првенство. 

Но, успешната 2021 може да ни донесе нови успеси и радости, затоа што и кошаркарите се во игра за пласман на следното Европско првенство.