• Горан Упале

Македонската кадетска одбојкарска репрезентација беше поразена и од Турција со 3-0 (25-5, 25-4, 25-12) во групната фаза на Балканското првенство во Врање.
Така нашите надежни одбојкарски го запишаа вториот неуспех на овој собир, по поразот од Романија во првото коло, и не успеаја да се пласираат во полуфиналето, односно ќе играат за пласман од петтото до седмото место.
Македонските кадетки утре ќе играат со Молдавија, која беше последна во групата А, а доколку слават, потоа ќе излезат на мегдан на Босна и Херцеговина во борбата за петто место. Со неуспех против Молдавките, ќе завршат седми.