Кадетките со пораз ја отворија Балканијадата во Врање

Македонските одбојкарски кадетки загубија од Романија со 3-0 (25-20, 25-21, 25-14) во првиот натпревар на Балканското првенство во Врање. 

На собирот на одбојкаркитеродени 2006-та година и подоцна учествуваат седум репрезентации, а „црвено-жолтите“ ќе одиграат најмалку уште две средби. Во нашата група Б уште е и Турција со која ќе ги одмериме силите утре, а само со победа може да се надеваме на полуфинале. 

Противничките ќе бидат фаворитки затоа што вчера ја совладаа Романија од која ние денеска бевме поразени. Доколку резултатот е според очекувањата, избраничките на селекторката Јована Јањиќ ќе играат за пласман од петтото до седмото место во конечното рангирање