Кадетките ја надиграа Молдавија и ќе се борат за петто место

МКД одбојка

Македонската кадетска одбојкарска репрезентација оствари убедлива победа над Молдавија (25-20, 25-14, 25-21) и остана во игра за петтата позиција на Балканското првенство во Врање, Србија.

Нашиот национален тим одигра перфектен меч и заслужено се израдува на триумфот. Утрешниот ден носи дуел со Босна и Херцеговина, која ни стои на патот на петто место на шампионатот.

Дуелот започна со неизвесно надигрување со среќен крај за Македонија, која потоа целосно доминираше во вториот сет. Се чинеше дека прашањето на победникот е одлучено, а кадетките ја потврдија победата со освојување и на третиот и последен сет.