• Зоран Мишевски
Кадетската екипа на Струмица 47&72 продолжува да доминира во конкуренцијата на одбојкари до 17 години, откако успеја да ја одбрани шампионската титула во ова првенство. Струмичкиот состав со 3-0 (25-15, 25-19, 25-15) славеше над Весна Пробиштип во финалето на завршниот турнир кое се одржа во Штип.
Во натпреварот за третото место, уште еден струмички тим Македонија Џио се радуваше со 3-0 (25-14, 25-15, 25-15) над врсниците од ГОК Борец од Велес.
Меч за трето место:
Македонија Џио – ГОК Борец 3-0 (25-14, 25-15, 25-15)
Финале:
Струмица 47&72 – Весна Пробиштип 3-0 (25-15, 25-19, 25-15)
Кoнечен пласман:
1.Струмица 47&72
2. Весна Пробиштип
3. Македонија Џио
4. ГОК Борец