Каде „Фалангата“ ќе ги бодри одбојкарите: Љубљана, Монпелје, Нант, Амстердам, Брисел...?

Љубителите на одбојката веќе можат да планираат дека во септември ќе ја бодрат нашата селекција на Европско првенство. Првпат четири земји ќе организираат голема приредба, а Словенија, Белгија, Холандија и Франција подеднакво ќе поделат по 15 натпревари.

Веќе се знаат и градовите каде што ќе се игра шампионатот. За „Фалангата“ најдобра опција е Словенија и Љубљана, но опција се уште неколку градови. Франција ќе ја претставуваат Монпелје, Нант и Париз (завршен турнир), Амстердам, Ротердам и Апелдорн во Холандија и Брисел и Антверпен во Белгија.

Шампионатот ќе биде и голема промоција на македонската одбојка и можност овој спорт конечно да го добие местото кое што го заслужува.

Европската титула од пред две години ја брани Франција.