ВИДЕО: Јуначкото срце на одбојкарите на оро прсна од радост – „Ееее, Македонијо...!“

Одбојкарите на Македонија постигнаа историски успех и по многуте падови во Европската лига, успеаја да се пласираат на едно Европско првенство (ЕП), за првпат во постоењето на нашата земја.

По триумфот над Унгарија во СРЦ „Кале“, на радоста на македонските јунаци ѝ немаше крај. Плачеа, се радуваа со своите најблиски, а потоа се прегрнаа и заедно одиграа оро на песната „Бисер Балкански“, која им беше заштитен знак низ сите овие години.

Погледнете ја големата радост на одбојкарската репрезентација по пласманот на Европско првенство: