Јовановски: Меморијалот „Чајка“ ќе биде вистински тест за Македонија пред ЕП

По 45-ти пат, од утре до в сабота, ќе се одржи Меѓународниот одбојкарски турнир „Бранко Хаџииљоски-Чајка”.

На денешната прес-конференција пред стартот на турнирот, првиот човек на Одбојакрската федерација Петар Јовановски изјави дека „спартаците“ се подготвени за предизвиците кои што ги очекуваат и верува во нов успех на претстојното Европското првенство.

„Среќни сме што оваа традиција трае, веќе цели 45 години. Сакам да ѝ се заблагодарам на Агенцијатата за млади и спорт, кој отсекогаш била поддржувач на овој турнир, како и на директорот Наумче Мојосвски.

Овој турнир ќе биде главен тест на нашите одбојкари, пред патот на новото Европско првенство. Тие веќе 40 дена се во „погон“, во одлична кондиција се и се надевам дека ќе останат здрави и без повреди за континенталниот собир. Верувам во овие момци и сигурен сум дека одново ќе ја израдуваме Македонија и ќе имаме успешен настап на Европско првенство“, рече првиот човек на федерацијата.

На прес конференцијата свој говор имаше директорот на Агенцијата за млади и спорт Наумче Мојсовски кој ја потенцираше нагорната линија на одбојкарските успеси, благодарение на успешната работа на Одбојкарската федерација.

Оваа година покрај македонската репрезентација ќе учествуваат и репрезентативните тимови на Црна Гора, Словачка и Израел, со што турнирот ќе овозможи проверка на капацитетот на нашите одбојкари.

Натпреварите ќе се одржат во спортската сала „Борис Трајковски” – Скопје од 19-21 август со почеток од 20.00 часот.