Јовановски и Деспотовски дел од прославата на стогодишнината на Одбојкарскиот Сојуз на Србија

Претседателот на Одбојкарската Федерација на Македонија, Петар Јовановски и генералниот секретар Филип Деспотовски синоќа присуствуваа на свечената церемонија по повод стогодишнината од Одбојкарскиот Сојуз на Србија во „Сава Центар“ во Белград.

По повод јубилејот и одличната соработка меѓу двете Федерации, претседателот Јовановски на првиот човек на ОССРБ, Џула Мештер, му подари слика од Мајка Тереза во 3Д изработка.
Челниците на нашата федерација беа дел од многубројните делегации од кремот на светската и европската одбојка, како и голем број на српски одбојкарски ѕвезди, но и поранешни југословенски легенди.

Дел од свечената церемонија беше и членот на Извршниот одбор на ОФМ, Зоран Карановиќ, додека меѓу легендите продефилираа и македонските одбојкарски величини – Александар Тасевски, Владимир Богоевски и Горан Србиновски.