Јапонска „машина“: Шест поени во низа, пет аса, за чудо во одбојката! (ВИДЕО)

Одбојкарската репрезентација на Јапонија беше подобра од Канада во последното коло на Светскиот куп (22-25, 25-20, 25-23, 23-25, 15-9), а натпревареот го одбележа 19-годишниот „самурај“ кој правеше чуда.

Се работи за Јуји Нишида, одбојкар роден 2000 година кој правеше чуда на теренот. Се покажа како фантастичен сервер и успеа да направи нешто што веруваме дека никогаш не се случило во овој спорт.

Јапонската „машина“ освои шест поени во низа, од кои пет беа ас. Сите беа одушевени од потезите, а на овој млад јапонски одбојкар му се предвидува блескава иднина.

Дополнително на тежина добива податокот дека Нишида ги освои поените во решавачкиот петти сет.