Јапонките пружија отпор, но Полска во четири сета до триумф на ОИ

Одбојкарската репрезентација на Полска ја совлада Јапонија во четири сета (3-1) во првото коло на женскиот турнир на Олимписките игри. 

Пружија Јапонките солиден отпор и многу се бореа. По голема борба во првиот сет, Јапонија одигра перфектно во завршницата и со 20-25 поведе. 

Полските одбојкарки се разбудија, но во уште еден израмнет сет на крајот успеа со 25-22 да израмни. Во третиот Полска беше подобра, на момент водеше и со осум разлика (19-11), а на тоа Јапонките вратија со добра серија и пријдоа до 24-23. Сепак, немаа сили за изненадување и Полска со 25-23 дојде до пресврт. 

Во четвртиот сет подобро влегоа јапонските одбојкарки кои водеа на почетокот, а потоа следеше пресврт. Полските претставнички дојдоа до водство од четири поени пред крајот на сетот, а иако се играше на разлика со 28-26 го затворија мечот во своја корист. 

Во групата освен Полска и Јапонија се наоѓаат уште Бразил и Кенија.