Јапонија со триумф над Кина до полуфиналето во Лигата на нации

Машката одбојкарска репрезентација на Јапонија обезбеди место меѓу најдобрите четири селекции во Лигата на нации, откако во четвртфиналето ја совлада Кина со 3-1 во сетови (23-25, 25-23, 25-16, 25-23).

Најзаслужен за триумфот беше Ран Такахаши, кој постигна 21 поен и беше најдобар поединец на натпреварот. Кај селекцијата на Кина најефикасен беше Бин Ванг со 19 поени.

Јапонија во полуфиналето ќе игра на први август против подобриот од дуелот меѓу САД и Италија, кој е закажан за утре.

Покрај Јапонија, пласман во полуфиналето претходно обезбеди и Словенија. „Змајчеки“ во драматичен меч ја совладаа репрезентацијата на Турција. Словенија за место во финалето ќе се бори против победникот од пресметката меѓу Полска и Украина.